недела, 7 декември 2025
Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Котевски, поранешниот директор на Филхармонија, треба да ѝ се извини на диригентката Имери Илкоска

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација од страна на Александар Котевски (поранешен в.д. директор на НУ Филхармонија) врз Дијана Имери Илкоска. Комисијата донесе препорака Александар Котевски да ѝ се извини на Дијана Имери Илкоска за сторената дискриминација во рок од 30 дена, а ако тоа не го стори, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд.

 

Објавено на

часот

Сподели

Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на Мaкедонија. Нејзиниот работен однос не бил трансформиран од определено на неопределено време од страна на тогашниот в.д. директор иако ги исполнувала условите за законска трансформација на работниот однос, а само неколку денови потоа ѝ бил забранет влезот во нејзината матична куќа, а нејзиниот уметнички профил како диригент бил избришан од официјалната веб страница на институцијата.

Илкоска во март поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата донесе мислење дека во конкретниот случај е извршена директна дискриминација од страна на Александар Котевски.

„Во поднесокот за произнесување Котевски не ја навел причината поради која не ја завршил започнатата постапка за трансформација, а дополнително останува спорно врз основа на каква претходна анализа и проценка го изменил првичниот став на институцијата дека постои потреба од вработувањето на неопределено време непосредно по неговото назначување на функцијата. Симптоматично е и тоа што, и покрај изменетиот став, тој сепак побарал согласност за вработување на определено време во траење од една година“, наведува Комисијата која утврдила дека постои директна дискриминација во смисла на член 8, став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ