На сцената застанаа Александра Јанева, Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Виктор Апостоловски, Јана Бурчевска, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Нико Ѓоргиевски, Бојан Стојков. Публиката имаше можност да ужива во големите хитови на Тоше и Аки пеејќи ги во еден глас, во концертот кој траеше повеќе од час и половина и повеќе бисеви на самиот крај.
Концертите се во организација на Центарот за култура од Битола и како проект, веќе четврта година се во годишната програма поддржани од Министерството за култура.







