понеделник, 8 декември 2025

Концерт на Трпчески со пријателите во лондонски Вигмор хол

Објавено на

часот

Сподели

Овој концерт, на кој сцената со Трпчески ќе ја делат и Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии, ќе се пренесува во живо на веб-страницата на Вигмор Хол во ХД, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување.

Во меѓувреме, издавачката куќа Лин рекордс, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен, посочуваат од „Култур оп“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ