вторник, 9 декември 2025

Концерт на македонската џез група „Сетстат“ во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Концертот се одржа во рамките на фестивалот „Аларм панк џез“ на Бугарското национално радио, кој е посветен на размената и зближувањето меѓу џез групите од Бугарија и Северна Македонија.

 Културно информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија е традиционален партнер, јави дописникот на МИА.

Џез групата е составена од музичарите Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани.

Владан Дробицки за МИА во Софија изјави дека песните од нивниот нов албум се уште не се насловени, но тој и неговите колеги од бендот се среќни што оставиле толку добар впечаток во Бугарија. Публиката во Софија беше импресионирана од песните „Пента“, „Африка“ и „Браун шеќер“. По концертот, џез групата изведе уште четири песни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ