сабота, 31 јануари 2026

Концерт на гудачкото трио на Пламенка Трајковска во Гостивар

Објавено на

часот

Сподели

Пламенка Трајковска – гудачкото трио ќе изведат пригодна музичка програма во кросовер стил на која ќе бидат застапени композиции од класичниот репертоар и композиции инспирирани од богатата ризница на македонскиот фолклор. На концертот премиерно ќе биде изведена композицијата Ај да бегаме мори Васе во кросовер стил за гудачко трио од Пламенка Трајковска. Концертот е ексклузивна музичка атракција и вклучува музичка технологија и мултимедијални елементи.

Во гудачкото трио ќе настапат Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина и Александра Јаневска на виолончело. 

Гудачкото трио е дел од музичката организација Пламенка Трајковска – мали камерни состави кое претставува музичко јадро кое има за цел да ја промовира камерната и класичната музика кај нас.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави, имаат реализирано концерти во Македонија и странство на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето, Кривопаланечко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ