вторник, 16 декември 2025

Концерт на Џингис Ибрахим за крајот на истражувањата на локалитетот Врбјанска Чука

Објавено на

часот

Сподели

Концертот претставува последна етапа од археолошките истражувања што се изведуваа на Врбјанска Чука во август. Овогодишните истражувања, а кои се одвиваат веќе 8-ма година, беа особено плодни и реултираа со бројни нови откритија што ги надополнија сознанијата за оваа неолитска населба формирана пред повеќе од 8.000 години. При ископувањата се откри цела нова градба, како и објект во кого има десетина големи амбари и помали сандачиња за чување и обработка на житарици, што е досега единствена ваква појава на Балканот, но и во Европа. Исто така во ѕидовите на една од градбите се пронајде погребано новороденче, обред поврзан со регенеративниот карактер на неолитските куќи и кој е воедно прв од овој вид во Пелагонија. Освен овие фасцинатни откритија, исто така се пронајдоа фрагменти од фигурини, жртвеници, антропоморфни модели, сликани садови, врвови за стрели, камени орудија и садови, што укажува на богатиот опус на материјална култура користена при секојдневните активности и обредите.

Овие мултидисциплинарни истражувања, кои се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Прилеп и Универзитетот во Базел, продолжуваат и понатаму со кабинетски анализи на археолошките наоди и органските остатоци, а кои ќе се публикуваат и презентираат во повеќе научни списанија и меѓународни конференции. Теренските и кабинетските истражувања се финансиски подржани од Фондот за истражување и заштита на предисториските тумби од Германија, македонското Министерството за култура, Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ