Во квартетот настапуваат Јури Калнитс – виолина, Хелен Каминга – виола и Николас Холанд – виолончело.
„Овој албум го напишав кога се вратив повторно во Романија, по 22 години пауза. Со моето семејството заминавме во времето на режимот на Чаушеску и немавме можност да ја посетиме нашата татковина повеќе од две децении. Кога се вратив во Романија, многу емотивно го доживеав тоа, повторно се поврзав со семејството, станав свесен за политичката промена која повторно ја врати надежта за иднината. Во моментов светот повторно се соочува со криза, тука е пандемијата, но и војната меѓу Русија и Украина. Мислам дека токму преку музиката и љубовта можеме да ги вратиме изгубените човечки вредности и само на тој начин можеме да најдеме сила да продолжиме понатаму“, рече Баланеску.
Тој рече дека најмногу го истражувал романскиот фолклор, но внимание посветил и на македонскиот фолклор за кој смета дека е многу богат.
Директорката на Филхармонија, Тина Иванова рече дека од отворањето на салата не сме имале настап на ваков исклучителнои познат и важен музички состав кој фигурира како еден од најпрогресивните на светската музика сцена.
[video:https://youtu.be/QH_VKWStK98 autoplay:0]





