„Возбудени сме што ќе имаме можност да настапиме во Лондон и Ливерпул и што ќе ја споделиме нашата музика со тамошната публика. Почестени сме што ќе бидеме дел од програмата на Sound City Festival во Ливерпул, еден од најголемите шоукејс фестивали во Европа. Исто така, со нетрпение го очекуваме и нашиот концерт во добро познатиот клуб „The old blue last” во Лондон“, велат од Фенк шуи.

Бендот исто така е актуелен и со трите номинации за минатогодишното видеото „Не време” во соработка со Вера Милошевска Јосифовска на Muzzik Video Awards 2k21, во категориите најдобра камера, најдобра режија и фјужн.
[video:https://youtu.be/w1ilP63ZCRs autoplay:0]





