сабота, 13 декември 2025

Арсовска го отвори Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“

Објавено на

часот

Сподели

Градот Скопје може да се гордее со ваков меѓународен фолклорен фестивал, се надевам дека овие три дена ќе уживате во богата културно-уметничка програма на 15-те фолклорни групи и уметници, кои ќе имаат прилика да се претстават со традиционални песни и ора, истакна градоначалничката Арсовска и го отвори фестивалскиот настан.

Арсовска пред присутните истакна дека ваквите културни манифестации пред се ја збогатуваат културната понуда на градот Скопје, а нивното значење е обединувачко за развој на различните традиционални фолклорни елементи и народните песни кои се богатство на нашиот народ.

Овој меѓународен фестивал, кој ќе трае три дена, се организира од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит”, а истиот е поддржан од Град Скопје.

На фестивалот ќе настапат над 15 културни уметници и групи од соседните земји Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и уметнички групи од Македонија. Учесниците во текот на трите фестивалски дена ќе се претстават со традиционални песни и ора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ