Музичкиот проект „Извор“ содржи десет современи музички теми и е поддржан од Министерството за култура и туризам, а партнери на КИЦ Белград во организацијата на овој исклучително топло примен музички настан беа Културниот центар на Белград и Националниот совет на Македонците во Србија.
А вечерва во 19 часот ќе се отвори изложбата во Музејот на тетовскиот крај (поранешен Дом АРМ), која ќе може да се погледне и во текот на утрешниот ден, среда 18 јуни.
„Станува збор за реплики на етно накит од сите краишта на Хрватска, современ дизајниран накит со етно елементи како и фотографии на традиционално наследство. Изложбата досега има постигнато голем успех, а беше поставена и во Луксембург (Белгија), Виена (Австрија), Печух (Унгарија) и други“, информираат од со Македонско-хрватското друштво (МХД) кои ја организираат изложбата.
Влезот за изложбата и за вечерашното отворање, како и за утрешниот ден е слободен.