Настанот го отвори директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, кој се осврна на културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што го остави како на македонската, така и на српската култура.
„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми, наведоа од КИЦ во Белград.
Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, почна со неколку одбрани музички инсерти и фотографии, меѓу кои неколку и за првпат јавно презентирани, а продолжи со концерт посветен нему, со неговите најблиски – Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.
Потретот на Зафир Хаџиманов беше инициран и организиран од Mакедонскиот КИЦ во Белград и поддржан од македонското Министерството за култура и туризам






