„Филмот Макраме на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог ја освои престижната награда Уника за уметнички пристап и автентично претставување на традицијата, културолошка, тематика која ја претставува богатата традиција на кумановско. Филмот Три манастирски цркви во кумановско на Валентина Андреиќ, кустос советник, историчар на уметност е добитник на високото признание Златна камера 300 и го прикажува духовно наследство на крајот“, изјави директорката на Музеј Куманово, Марија Живачки.
Филмот „Макраме“ е финансиран од општина Куманово, додека „Три Манастирски цркви во кумановско“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.
„Овие награди се потврда дека нашето културно наследство, кога е претставено со љубов и професионализам, допира до сите и продолжуваме да го промовираме богатото културно наследство на кумановскиот регион“, изјави Живачки.
Музеј Куманово со филмот „Макраме“ веќе аплицирал за учество на фестивали во Европа, првин во Бугарија, а потоа и во Швајцарија.






