Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте
Петков Мисирков, една од најзначајните историски фигури за македонскиот
јазик, бидејќи годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на
македонскиот стандарден јазик.
Поздравни обраќања ќе имаат министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот Јовица Никчевски, кој ќе се зборува за новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ што е модерно уредена на две нивоа и располага со
најсовремена опрема и инвентар, како и со онлајн пристап до бази на
податоци со електронски книги и научни и стручни списанија.
Програмскиот директор Јовица Тасевски-Етернијан ќе го претстави проектот за издавање на фототипни изданија на значајни публикации од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ поврзани со македонскиот јазик, а од името на авторките на предговорите во публикациите ќе се обрати и истовремено ќе ги промовира изданијата д-р Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик.






