сабота, 10 јануари 2026

„Моменти на неизбежното“ на Зорана Шулц

Во издание на издавачката куќа, Матица Македонска, од печат излезе  книгата од српската писателка Зорана Шулц „Моменти на неизбежното“.

Објавено на

часот

Сподели

Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си игра со нивните чувства. Цело време, знаците покрај патот ѝ кажуваат дека ги очекува трагедија. И потоа во ненадејна болка, безнадежност и неподвижност, таа почнува да сфаќа дека била предупредена, но тој знак не знаела да го види. И ја стигнува голема казна.

Уште со својот прв роман „Вкусот на гревот“ Зорана Шулц покажува дека знае како да навлезе во најдлабоките лавиринти во психата на своите јунаци и вешто да му ги прикаже на читателот.

И во овој роман херои сме сите ние, и кога плачеме и кога не се смееме, кога носиме најскапи модни брендови или избледени кошули со искинати јакни, јадеме кавијар или го подгреваме ручекот од вчера.

Нејзините хероини имаат и обемни гради и празни души, чувствуваат болка, глад, неправда, срам, но и бура од страст, според кое се препознатливи книгите на Зорана.

Судбината на хеороините на авторката е дека главата и душата се поважни од телото и изгледот, а каква е нашата… ќе се запрашаме по секоја страница на овој роман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ