среда, 9 април 2025

МНТ стана член на Европската театарска конвенција (ETC)

Македонскиот народен театар (МНТ) денеска стана член на Европската театарска конвенција (ETC). Како што информира МНТ, директорот на оваа културна институција Никола Кимовски престојува во Атина и учествува на Генералното собрание на Европската театарска конвенција (ETC), во која членуваат најголемите театри од Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Кимовски денеска имаше официјално обраќање на собранието на кое го претстави МНТ и неговата работа и мисија. Потоа со едногласна одлука од сите членки Македонскиот народен театар беше примен за член  на најважната театарска мрежа во Европа“, се вели во соопштението.

Меѓународната театарска конференција на ETC насловена како „Thrive Theatre Thrive! Keep the Flame Alive“ ќе се одржува од 3 до 7 април во Националниот театар на Грција во Атина.

„Со членството на Македонскиот народен театар во ETC, која е водечка  мрежа на јавно финансирани театри во Европа, со 63 театри членки од 31 земја се отвораат можности за создавање европски коопродукции и размена на претстави и уметници со европските национални куќи. ETC е посветена на промовирање на современата драма, олеснување на уметничките размени и поттикнување на културната разновидност во европската театарска уметност.  Организацијата служи како платформа за дијалог, демократија и интеракција со цел да рефлектира и да привлече разновидна публика и општества во постојан развој“, стои во соопштението.

Во рамки на Генералното собрание, директорот Кимовски остварил средба со претседателката на мрежата Клаудиа Белхиор. Следните два дена, како  што се наведува, ќе се остварат повеќе одвоени состаноци со директори на национални театри и фестивали со цел договарање идна соработка и размена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ