Како што соопштија денеска од МНТ, во согласност со едногласната одлука на жири-комисијата, во состав на Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски, претставата на фестивалот во Велес стана добитник на наградата за најдобра претстава во целина и наградата за најдобра режија.
„Актерите во ’12’, Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев, досега ги освоија домашниот и меѓународниот аудиториум со својата силна социјална порака и извонредна актерска игра, а овие награди се дополнителна сатисфакција за освојување нови признанија“, се наведува во соопштението од МНТ.