Како што информираа од независната музичка издавачка куќа Мртов коњ која е одговорна за организирањето на турнејата, публиката во Приштина, каде свират во алтернативниот културен центар Термокис, ќе можат да ги чујат уште вечрва, а веќе утре се во Подгорица во Друштвениот културен центар Помаранџа.
„Потоа се спуштаат на море во Задар каде свират во Автономниот друштвено културен центар Нигдјеземска во вторник на 6 јануари. Им следат и два настапи во Словенија во Љубљана во Гала Хала и во Културниот дом во Железники на 8 и 9 јануари. На крај по пат накај дома ќе го посетат Белград со претпоследниот концерт од турнејата во Квака 22 на 11 јануари. Тие ќе ја завршат турнејата по мал одмор со концерт пред домашната публика во Котур во Скопје на 19 јануари“, велат од Мртов коњ.
Оваа турнеја доаѓа после неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот Чејнџоувер во Белград оваа есен. Како и посетата во Брисел со нивен концерт на меѓународниот натпревар Имеџин мјузик експириенс, кадешто ја освоија наградата од публиката пред само половина месец.
Корка го издадоа своето прво самонасловено EP во мај оваа година и веќе се добро познати на македонската публика после бројни настапи во Кочани и Скопје и еден во Битола. Тие се истакнуваат отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук.





