Настанот го организира Ансамбл Стефче Стојковски, кој во изминатите неколку години се ангажира за промовирање на македонската гајда и зачувување на традицијата на изведба на мелодии и песни од народниот фолклор.
Перформансот ќе вклучува и танцови изведби од играорна група на Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“ – Скопје.
Во 2024 година македонската гајда беше примена во УНЕСКО како дел од нематеријалното светско наследство, а во декември 2025, Стефче Стојковски го организираше првиот настан на „Гласот на гајдата – Меѓународен фестивал на гајдата во Скопје“.

Целта на оваа иницијатива е да се поттикне интерес за изучување на овој древен инструмент, со цел да се одржи неговата многувековна традиција во Македонија.
На настанот ќе учествуваат Стефче Стојковски и Теодор Стојковски-Катин, Горан Ангелов и Александар Ангелов, Ратко Златановски и Филип Златановски, Вилијам Михајловски, Душан Томовски, Андреј Трајковски, Сашко Митев и Филип Василевски.