Најавен како роман којшто жените ќе го сакаат, а мажите ќе го читаат скришум, „Разоткривање“ како и во „Вкусот на гревот“, и според оцените на критичарите, секоја реченица е храбра, провокативна и до последен збор вистинита. Всушност, главна хероина во романот е самата авторка, која читателите ги води на возбудливо патување низ својот неверојатен живот што и надвор од книжевното дело го буди интересот во целиот регион.
Вљубувања, оние големи и оние само за една ноќ, врски со славни мажи, со актери, со сликари и музичари кои коленичеле пред неа, авантури, случувања, животни неволји, успеси, брак, прељуба, забранети врски, тајни што другите никогаш не би ги признале… Сето ова е опишано на страниците на оваа книга – како што се вели во критичките одгласи, „со зборови коишто удираат директно во срцето“.
Во автобиографското дело се открива дека Шулц, веќе трансформирана во книжевен лик е отфрлана уште како дете, а потоа многу брзо ќе постигне богатство и статус. Но, животот на висока нога не ја променил. Таа не крие дека во исто време е и фатална заводничка, а и сопруга посветена на својот сопруг дури и кога тој ја издава и ја изневерува, мајка која им го дала најдобриот дел од себе на своите деца.
Но, хеорината не се преправа. Во оваа приказна ниту едно чувство не е скриено: ниту чудниот вкус на еротиката што бликнува од страниците на романот „Вкусот на гревот” и на неговото продолжение „Разоткривање“, ниту љубовта, голема и безусловна, со која започнува и завршува патувањето на авторката.
Инаку, „Матица македонска“, пртходно ги објви и другите дела на Зорана Шулц и тие и натаму се достапни за македонските читатели.






