Како што најавија организаторите, ќе бидат положени венци пред бистата на Рацин во Самоборскиот музеј каде што предавање за неговиот живот и дело ќе одржат професорите Васил Тоциновски и Горан Коров.
Рецитали и поезија од Кочо Рацин ќе изведат ученици што посетуваат настава по македонски јазик во Хрватска и членови на литерарно-драмската група „Ленка”, а ќе настапи и пејачката група „Моми бисерни” под водство на Сафиудин Алимоски.
Покровители на настанот се Советот за националните малцинства на Република Хрватска и Самоборскиот музеј.






