„Платформата претставува една од активностите на мрежата на фестивали „Doc Around Europe“, чиј основач е Македокс заедно со „Docs Barcelona“ (Шпанија), FIPADOC (Биариц, Франција), „DOK.fest Munich“ (Германија) и „Verzio“ (Будимпешта, Унгарија). Како фестивал кој доаѓа од земја со низок аудиовизуелен капацитет, Македокс има за цел да го промовира балканскиот документарен филм преку активностите на мрежата“, велат од Македокс.







