среда, 13 август 2025

„Лов на дива свиња“ премиерно во МНТ на 19 јули

Во Македонскиот народен театар, на малата сцена, на 19 јули премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.

Објавено на

часот

Сподели

Изведбата е во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.

Во претставата учествува актерска екипа од двете земји, Ана Стојановска, Искра Ветерова – Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.

Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од неколку македонски компании и ресторани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ