недела, 13 април 2025

Љутков: Објектот за тетовскиот театар со оваа динамика нема да биде завршен до 2026 година

Не верувам дека ќе биде завршен, не заради нас, туку едноставно таква динамика е наметната во последните години, истакна денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговорајќи на новинарско прашање поврзано со објектот предвиден за Тетовскиот театар.

Објавено на

часот

Сподели

„Не верувам дека ќе биде завршен, не заради нас, туку едноставно таква динамика е наметната во последните години. Ќе гледаме да интервенираме што е можно побрзо и побрзо да се заврши. Немаме предвидување до кога. Направивме една посета, ќе направиме уште една до крајот на јуни. Ќе видиме со какви активности работат и тогаш ќе донесеме одлука“, рече Љутков за време на неговата посета во Гостивар.

На забелешката дека годинава за овој објект му се доделени 15 милиони денари, а за целосно завршување му се потребни уште една милијарда и дека тоа е мал износ, министерот Љутков посочи дека во овој објект се вложени поголеми суми.

„Не се доделени малку пари за тој објект. Низ годините наназад се анексирани толку многу објекти во делот на капиталните вложувања и сме имале низ годините нереализација на средствата што биле одобрувани. Само претходната година нереализирани средства останаа околу 220 милиони денари“, рече Љутков.

Тој напомена дека ќе се прогнозира одредена сума на пари, а доколку добро се работи, има добра динамика со ребаланс на буџет, ќе се одобрат повеќе средства. Меѓу другото, потенцира министерот, се прават посети од град во град се гледаат активностите и каква е динамика и според тоа ќе се обезбедуваат повеќе средства или ќе кратат, доколку нема реализација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ