Овој пат заеднички ќе се претстават уметниците Петра Јовановска, Слаѓана Матич Трстењак, Вит Павлик, Теодор Бузу и Рафаел Ристовски и ќе се обидат да направат едно заедничко ликовно патување.
Претставените уметници истражуваат разнoвидни теми и тоа со посредство на разни ликовни дисциплини како е акварел, колаж, фотографија, сликартсво. Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје и Град Скопје. Изложбата е во организација на самостојна ликовна уметница Петра Јовановска.






