Криштоф Бартник е роден 1964 во Полска. Имал повеќе од 30 самостојни изложби, учествувал на повеќе од 100 групни претставувања и учествува на бројни ликовни симпозиуми и колонии. Живее и работи како универзитетски професор во Лубин, Полска.

Слаѓана Мариќ Трстењак е родена 1985 година во Босна и Херцеговина и зад себе има повеќе од 30 самостојни изложби и стотина групни изложби. Добитник е на неколку награди, учесник на бројни ликовни колонии. Живее и работи како самостоен уметник во Марибор, Словенија.

Петра Јовановска е родена во 1972 година во Чешка. Таа има повеќе од 50 самостојни изложби и учествувала на повеќе од 300 групни изложби и на многубројни ликовни колонии, а добитник е и на бројни награди.
Изложбата ќе биде отворена до 30 април.






