
Кочовски приредил 30 самостојни изложби, 17 со Ликовната група 77, учествувал на голем број групни национални и меѓународни изложби од кои позначајни се оние во Париз, Лондон, Глазгов, Стокхолм, Буенос Ариес, Белград, Љубљана, Софија, Варна, Канагава, Мелбурн, Харов, Рациборш, Вироинвал, Прахова, Анкара, Истанбул.
Учествувал на повеќе ликовни колонии, симпозиуми… Добитник е на повеќе награди. Член е на Ликовната група 77/Кочовски, Кочевски, Манев / ДЛУМ и ДЛУБ.






