среда, 10 декември 2025

Изложба „Иницирај промена. Креирај гласно!“

Во галеријата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, во Сули Ан, Стара скопска чаршија во Скопје, вечерва ќе е отвори изложбата „Иницирај промена. Креирај гласно!“. На изложбата ќе бидат претставени делата создадени на работилницата за емоции и уметност, реализирани со учество на 14 млади лица под менторство на психологот Тина Чачоровска и уметникот Доротеј Нешовски.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот го организира Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди човек“, во соработка со Ротари клуб Скопје интернационал и Факултетот за ликовни уметности Скопје.

Посетителите ќе имаат прилика да ги видат цртежите преку кои младите уметници ја отвораат темата за менталното здравје, за препознавањето на емоциите и за справувањето со нив, но и упатуваат повик за поголема поддршка, разбирање и отворен разговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ