понеделник, 8 декември 2025

19-то издание на „Зимски салон“ во Националната галерија

Објавено на

часот

Сподели

Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за утре со почеток во 20 часот. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сеуште се активни.

Селектор на годинешниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“ поканети се 5 автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ