сабота, 13 декември 2025

Лауреатот на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи сака да научи македонски јазик

Утрово кога се разбудив и ги отворив очите, кога го погледнав градот, јас бев воодушевен и имав пријатно чувство. Слушав околу мене како се зборува и искрено, многу ми се допаѓа македонскиот јазик, но жалам што не знам да го зборувам, истакна Дариус Конџи, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција во Битола, добитникот на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус, говореше за соработката со бројни режисери и неговиот пристап во работата како кименатографер.

„Секогаш сакам да им помагам на луѓето, во случајов на режисерите да успеат со нивната идеја. Јас повеќе сакам да снимам на филмска лента, но мора да снимаме со дигитални камери. Најважно е да се пренесе приказната, без разлика што јас тврдам дека филмската лента е подобра од дигитална камера“, нагласи Конџи.

Во богатата кариера, годинешниот лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи соработувал со режисерите Бернардо Бертолучи, Роман Полански, Вуди Ален, Дејвид Финчер…и други, а снимал и видео спотови со Лејди Гага, Тејлор Свифт, Мадона и други светски познати ѕвезди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ