четврток, 19 јуни 2025

Ланаспа добитничка на наградата Гран при на битолскиот Интернационалниот фестивал на монодрама

Актерката Зелија Ланаспа од Шпанија е годинашна добитничка на наградата Гран при за најдобра монодрама што ја доделува Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Актерката Ланаспа, воедно автор на монодрамата „Лирско вилинско коњче“, настапува во театарот МикроОпера во Сарагоса.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународното стручно жири во состав Рисима Рисимкин од Македонија, Емре Ердем од Турција и Лаша Чхартишвили од Грузија одлучи наградата за најдобар актер да ја додели на Роналд Ранд од САД кој во Битола ја изведе монодрамата „Нека биде уметност“, а наградата за најдобра режија ја додели на Невена Митева, режисерка на претставата „Декамерон“ на Државниот куклен театар од Сливен, Бугарија, која воедно вечерва ја доби и наградата од публиката.

„Горд сум и благодарен што повторно заедно создадовме уметност, ја прослвивме моќта на индивидуалниот израз и го потврдивме значењето на театарот како простор за дијалог, рефлексија и вистина. Со желба за нови средби, нови приказни и уште повпечатлици изведни, го прогласувам за затворен 26-от Интернационален фестивал на монодрама во Битола“, истакна директорот на Центарот за култура, Влатко Илиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ