Во овие улични библиотеки граѓаните можат бесплатно да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат, но и да оставаат книги кои би сакале да ги споделат со другите, велат од Службата за односи со јавноста на Градот.
„Главната цел на овој проект, кој се проведува под мотото книгите да бидат достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа. Воедно апелираме до граѓаните да бидат совесни да не се оштетува поставената урбана опрема“, порачува Град Скопје.






