недела, 14 декември 2025

„Кругот е недостапен“ – изложба на Петра Јовановска во МКЦ

Во петок во 20,30 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде свечено затворена (финисаж) самостојната изложба на ликовна уметница Петра Јовановска под насловот „Кругот е недостапен“. На изложбата ќе биде присутен претставникот на Амбасада на Р. Чешка Квјетослав Сулек.

Објавено на

часот

Сподели

Уметницата Петра Јовановска осмислува дела создадени во комбинирана техника,
користејќи сув печат и акрил, кои се инсталирани во поголеми композиции.
Доминирачка боја во нејзините дела е сината боја, во делата користи минимум боја, што создава впечаток на минимализам. Основен елемент во секое дело е кругот, кој служи како симбол и е клучен за творештвото на Јовановска. Кругот, како форма, не е само визуелен елемент, туку и симбол на континуитетот, бескрајното и циклусите на природата и животот. Оваа форма, која се провлекува низ многу од нејзините дела, претставува еден вид емотивен израз, размислување и одраз на нејзиното сопствено уметничко патување. Во процесот на создавање користи комбинирани техники, при што едната од најважните за неа е сувиот печат, техника која ѝ овозможува да ја нагласи структурата и текстурата на делото, додавајќи дополнителна длабочина и емотивен интензитет на визуелната форма.


Петра Јовановска е родена во Чешка, има завршено ФЛУ во Скопје, смер графика.
Петра е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 80 самостојни изложби во Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина… Голем број од овие изложби се во нејзина организација, има учествувано во над 300 групни изложби, добитник е на бројни награди, има учествувно на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии.
Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура и тузирам и Амбасада на Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ