Настанот е резултат на новата соработка меѓу радиото Џез ФМ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на младата џез-сцена во Македонија.
Концертот ќе биде пренесуван во живо на фреквенцијата 100,8 MHz, како и онлајн преку веб-страницата jazzfm.mk.
Овој концерт го означува почетокот на една плодна соработка, преку која студентите и професорите од ФМУ Скопје ќе добијат простор во етерот на Џез ФМ радио за презентација на своите проекти, концерти и идеи.
Преку вакви иницијативи, Џез ФМ и ФМУ – Скопје прават чекор кон поддршка на младите уметници и развојот на локалната џез-сцена, со надеж дека ќе се отвори поголем простор за нивна афирмација, соработка и творештво.
Концерт на студентите од ФМУ во соработка со Џез ФМ во Дајмонд мол
Студентите од поп и џез-катедрата при Факултетот за музичка уметност – Скопје вечерва ќе одржат концерт во Кафе Литература во Дајмонд мол во Скопје.

Објавено на
часот