среда, 1 април 2026

Концерт на „Мизар“ во Филхармонија

Култниот македонски бенд „Мизар“ на 3 април ќе одржи ексклузивен „Best Of“ концерт во Македонската филхармонија. Организаторите најавуваат дека ова ќе биде настан кој ги обединува децениската историја, култниот статус и музичкото наследство на една од највлијателните групи на домашната алтернативна сцена.

Објавено на

часот

Сподели

Концертот ќе биде еден вид сублимат на ето она што „Мизар“ досега го работел. Под мотото „Најдоброто од Македонија“, бендот ќе изведе селекција од своите најзначајни песни од различни творечки фази, а на сцената ќе им се придружат и специјални гости, музичари кои низ 45-годишната историја биле дел од нивниот звук и приказна. На концертот ќе бидат изведени теми од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат дримс”, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната градина”, „Вечна празнина”…

Неодамна „Мизар“ го издаде новиот сингл „Вардар е Стикс“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ