среда, 10 декември 2025

Концерт на белградскиот бенд САРС во Јавна соба

Еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, S.A.R.S (Sveže amputirana ruka Satrijanija), утре ќе настапи  во Јавна соба во Скопје. Со повеќе од 15 години активна кариера, голем број хитови како „Лутка“, „Перспектива“, „Буџав лебац“, „Tи, ти, ти“, „To раде“ и „Ракија“, како и публика што ги следи низ целиот регион, S.A.R.S остануваат бенд кој на сцената спојува емоција, хумор и социјална критика на препознатлив и автентичен начин.

Објавено на

часот

Сподели

Скопје има посебно место во нивната музичка приказна – токму во нашиот град бендот го одржал еден од своите први концерти надвор од Србија. „Во неверување гледавме како целата публика ги пее песните со нас од збор до збор. Тогаш сфативме колку брзо нашата музика отпатувала низ целиот регион“, велат членовите на бендот.

Настапот во Јавна соба ќе биде нивно прво појавување на оваа сцена, а S.A.R.S најавуваат атмосфера по која се добро познати: „Сигурни сме дека ќе направиме луда журка каква што Скопје ја заслужува.“

Покрај енергичниот сценски настап, бендот останува доследен на својот израз во кој хуморот и друштвената критичност се преплетуваат со топлина и човечност. „Мораме да го задржиме ведриот дух и покрај тоа што гледаме дека некои работи не се менуваат. Во спротивно, секојдневието ќе ни ја одземе и малата радост што ни останала,“ велат од S.A.R.S.

Во 2026 година бендот ќе го прослави јубилејот од 20 години од формирањето, а во план се повеќе нови проекти. „Не откриваме детално уште, но наскоро ќе дознаете што се подготвува во нашата кујна,“ најавуваат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ