понеделник, 8 декември 2025

„Кога би насликал зборови“ – групна изложба на академски ликовни уметници од Општина Карпош

Во галеријата на Детскиот ликовен центар ќе се отвори групната изложба со наслов „Кога би насликал зборови“, на која со свои дела ќе се претстават 11 академски ликовни уметници од Општината Карпош. Изложбата претставува спој на различни стилови, поетики и визуелни изрази, преку кои авторите истражуваат како зборот може да се преточи во боја, форма и композиција. Секое дело е личен одговор на прашањето – што би се случило доколку зборовите добијат свој ликовен идентитет?

Објавено на

часот

Сподели

Настанот има за цел да ја афирмира уметничката сцена на Карпош која воедно е и покровител на оваа изложба и да ја истакне креативната енергија која постои во оваа средина. Изложбата е организирана од Детскиот ликовен центар, кој со својата галерија овозможува простор за промоција и поврзување на уметниците од различни генерации. Изложбата „Кога би насликал зборови“ ќе биде отворена за посетители на 30 октомври. Отворањето е закажано за 19 часот во изложбената галерија на Детскиот ликовен центар при Кинотека на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ