вторник, 15 јули 2025

„Живот меѓу графитни игри и луд ветар“ – книга посветена на првата македонска поетеса Даница Ручигај

Објавено на

часот

Сподели

Промоцијата на „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, како што е насловено ова јубилејно издание, беше одржана на 27 јули 2023 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, во рамките на одбележувањето на шеесетгодишнината од скопскиот катастрофален земјотрес и како прилог кон одбележувањето на седумдесетгодишнината од основањето на Институтот и 120-годишнината од излегувањето на македонската златна книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков, најзначајниот Македонец на XX век и основоположник и прв кодификатор на современиот македонски јазик, на јазикот на кој творела првата македонска поетеса Даница Ручигај.

Книгата ги содржи излагањата на промоторите проф. д-р Васил Тоциновски („Авторка која ги покажа патот и перспективите на македонското женско писмо“) , проф д-р Димитар Пандев („’Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се’, еден од вервните дострели на македонската женска поезија на XX век“) и проф. д-р Милан Јазбец (Даница како поетеса и како персонифициран omen“); на Свето Стаменов, еден од приредувачите на книгата „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, („Јас и Даница“), како и поздравната беседа на проф. д-р Елена Јованова Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и прологот на министерката за култура д-р Бисера Костадиновска Стојчевска („За Даница Ручигај, по шест децении од последното затворање на вратата“). И сето тоа „прошарано“ со песни на Даница Ручигај, во интерпретација на Искра Чоловиќ.

Во делот насловен „Медиумско огледало“, пак, е „документирано“ речиси сè што беше објавено во медиумите во врска со објавувањето и промоцијата на јубилејното издание, како и шеесетгодишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај.    

Книгата ја содржи и комплетната библиографија на книжевниот опус на Даница Ручигај и на секундарната литература за неа (книги, есеи, литературни критики, осврти… аудио и ДВД изданија), како и преглед на културните и научните настани поврзани со нејзиното творештво (промоции на книги, литературни вечери и симпозиуми и сл.) во изминатите шест децении.

„Живот меѓу графитни игри и луд ветар“ е втора книга објавена во новопокренатата едиција „Документи“ на издавачот „Студентски сервис“, во која ќе се објавуваат книги од слични собири, чија намера е промоција на одбрани книги во научно-стручна смисла и кои поради таквата природа не се само обични промоции, туку донесуваат и нови сознанија и увиди во предметот на обработка.са/

Фото: „Студентски сервис“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ