понеделник, 15 декември 2025

Во Софија промоција на романот „Утеха за голите” од Давор Стојановски

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј”) и преведувачката Тања Попова.

Книгата, како што информира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската Унија и за најголемата награда за литература во Македонија – „Роман на годината” (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа).

„Утеха за голите” е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но, тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ