Оваа донација ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и истовремено ќе ја зацврсти и врската меѓу книгите и читателите. Од библиотеките се особено радосни што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература. Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела.
За Три, 1.000 самостојни изданија значат илјада квалитетни книги од домашни автори, преводи од многу современи автори и класици, наслови од сите жанрови.