недела, 14 декември 2025

СВП: Портрет на лауреатот Иван Штрпка

Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникаативна и антрополошка димензија. Отвореноста, огледалноста и интертекстуалноста ја прават посебна, оригинална и пријателски настроена спрема читателот, рече во својата беседа за лауреатот на Струшките вечери на пшоезијата академик Катица Ќулавкова. 

Објавено на

часот

Сподели

„Поезијата на Иван Штрпка е книжевна и духовна придобивка која ги надминува рамките на Словачка. И во случајот со поезијата на Иван Штрпка може да се каже дека  она кое постигнало степен на совршенство, не познава просторни и временски граници“, кажа академик Ќулавкова. 
Таа поезијата на Штрпка ја опиша и како огледална, затоа што, како што рече, во неа се прекршуваат слики од колективната меморија, кои ѝ даваат додатна вредност на 
интроспекцијата и медитативната перцепција својствена на неговите песни. Без таа 
огледалност тешко би ја разбрале метафизичката трансформација на поетските слики на Штрпка. 
„Штрпка е илуминативен пример на духот на модерната словачка поезија која се 
спротивставува на поетичките и политичките канони наследени од поствоениот 
комунистички чехословачки амбиент и хронотоп, а се отвора спрема светот и го покажува својот сензибилитет спрема т.н. вечни теми на поезијата, теми профани, теми филозофски, теми етички, теми естетски“, додаде Ќулавкова.   
Академик Ќулавкова забележа и дека секоја песна на Штрпка е мал архив на подвижни слики, одломки од стварноста, фрагменти во коишто се рефлектира и интимната, и општествената стварност. 
„Неговите песни наликуваат на филмски епизоди, а збирките на кусометражни филмови. Освен тоа, песните на Штрпка се поткрепени со семантички пресврти, поенти и досетки“, рече Ќулавкова. 
Штрпка, добитникот на највисокото фестивалско признание, изрази задоволство што 
токму тој се вброи во друштвото одлични поети од целиот свет. 
„За мене е голема чест и признание да ја примам во Македонија наградата „Златен венец“ на еден од најзначајните меѓународни фестивали на современиот свет на поезијата без граници, во Струга. Воедно е и голема сатисфакција да влезам на тој начин во прекрасното друштво на одлични поети од целиот поетски свет, толку важни во сето ова време и за мене. Да се читаме, да се пишуваме, да се истражуваме подлабоко! Нашиот отворен, однапред недовршен повеќеслоен јазик може да биде овде индивидуален, а притоа единствено заеднички. Можеме попрецизно и подлабоко да се разбереме. Тоа е првичниот јазик што се создава во нас и со нас од почетокот. Тоа е важно особено денес, среде несигурниот свет во кој вредностите на нашата перцепција и неговите визии се мошне небезбедно разнишани“, рече Штрпка. 
На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. 
Манифестацијата продолжува со меѓународните поетски читања „Созвучја“ и музичко-
поетски перформанс „Ноќ без интерпукција“. 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ