„Се надевам дека се уште важиме за една од водечките културни институции, посебно во делот на промовирањето на читачката култура“, нагласи Гурев.
Во оваа прилика, беше промовирана и тивка читална.
„Во 2005 година со реновирањето на библиотеката, поставен е концепт на отворена библиотека. Секој од нашите читатели слободно можае да се движи низ библиотеката и да одбере книга. Сега издвоивме катче за тивка читална“, рече директорот на библиотеката.
Тој најави и други интересни проекти за во иднина.