понеделник, 8 декември 2025

Промоција на две книги за деца од авторката Марија Костадиновска

Објавено на

часот

Сподели

Двете книги за деца се во издание на „Либи’’,  a дел од издавачката куќа  „Арс Ламина – публикации’’.

Промотор на книгите беше проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска, а извадоци читаше проф. Елена Ѓорѓиовска.

„Преку моите книги упатувам поучни пораки како до најмладите читатели така и до повозрасната публика. Светот на децата е чудесен и мора да ги сакате за да пишувате за нив’’, вели Костадиновска.

„Вистинска приказна за двете соседни кралства“ воопшто не е обична приказна, а е вистинска. За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица. И за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни. Туку, сега, вистински се случува. Додека пак книгата „Волшебните прегратки’’ е вистинска метафора за среќата со поучни пораки до децата и возрасните.

Како илустратор на „Вистинска приказна за двете соседни кралства’’ се јавува Александра Филипоска, а илустрациите во „Волшебните прегратки’’ се дело на Иванка НиБа.

Авторката Марија Костадиновска е родена на 6 март 1990 година во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за македонски и јужнословенски книжевности. Со пишување почнува во студентските денови, а во последните неколку години пишува книжевност за деца. Костадиновска е професионален едриличар и говори англиски, шпански и грчки јазик, а во изминатите години живеела во Шпанија, Италија и на Флорида.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ