Изборот „Песната палимпсест“ е објавен во паралелен превод на македонски и српски јазик. На близу 350 страници презентирани се циклуси од стихозбирките на Веле Смилевски објавени по 2000 година: „Педесет песни“, „Педесет допевања“, „Час по поезија“, „Забранета книга“, „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ и поемата „Век за самување“.
Веле Смилевски е добитник на највисоките признанија за поезија: наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата“ и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Носител е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на уметноста.