Манифестацијата, формално, започнува наредниот петок, 22 август, со свеченпо потвпрање во Централното основно училиште “Ванчо Николески” во Лескоец, крај Охрид, единствената институција која го носи името на бардот на македонската литература за деца и млади, во Македонија.
Професорите и учениците, по традиција, подготвуваат културно уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, по што, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид, ќе положат цвеќе на вечното живеалиште на Николески.
Традициопнално, за нив се организира прием, од странма на челните луге на општина Охрид, инаку, финансиски покровител и поддрржувач на манифестацијата, која е под формален патронат на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија.
Вториот ден, сабота, учесниците ќе бидат пречекани од етничките Македонци во блиските соседни земји, додека, во Глобочани, кај Пустец, ќе имаат час и разгледување на “Спомен домот” на прославениот албански прозен автор од македонско потекло, Стерјо Спасе.
Последниот ден, недела, ќе бидат гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приредува закуска со селски специјалитети, ја разгледуваа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа, им се доделуваат Повелбите за учество.
Младите литерати, за цело време, ќе бидат под креативната грижа и поука од страна на нашиот познат автор и педагог, професор – др Христо Петровски.
Во рамките на воспоставената традиционална соработка, учесниците, ќе бидат во можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата.
Годинава, гости на манифестацијата се и група нашинци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, за што, пошироки информации ќе добијат од страна на познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и лпретседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан.






