„Неговата цел е да покаже како е замислен и реализиран проектот „Слепо црево“, зошто Европа била избрана за таков експеримент и на кој начин тоа географско (во однос на останатиот свет) слепо црево, се исполнува со штетна содржина. Ова во последните неколку векови ја зафати речиси целата цивилизација на земјината топка. Основата на таа штетна содржина е целосно деградираната европска психа, која создаде цивилизациски перитонитис со сѐ помали шанси за спас на ‘сапиенсот’“, соопшти издавачот.






