понеделник, 8 декември 2025

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува следната недела жири-комисијата да го објави најтесниот избор на раоманите што конкурираат за наградата „Роман на годината“.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

 

Втора селекција на дела на конкурсот Роман на годината“ за 2021 година  

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“

2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или – или“

3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“

4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“

6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“

7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“ 

8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“

9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или – или“ 

10. „Ден за одмазда“,  Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ