понеделник, 8 декември 2025

Десет книги за античката филозофија од академикот Витомир Митевски

Објавено на

часот

Сподели

Првите шест книги поодделно се посветени на: Раната старогрчка философија на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката философија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет. За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската филозофска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени филозофски проблеми да бидат разбирливи за пошироката читателска публика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ