Илустрациите е на Јулија Пилипчатина, а преводот на Вера Чорниј-Мешкова. Ова е книга во која на топол и суптилен начин се носи вистинскиот дух на Божиќ и универзалните вредности на добрината, солидарноста и заедништвото.
Книгата претставува прекрасна и топла бајка во која живее вистинскиот дух на еден од најголемите христијански празници. Семејството ежиња – таткото, мајката и нивните три дечиња – не само што се подготвуваат за празникот и ја раскажуваат приказната за раѓањето на Исус, туку и примаат неочекувани гости: две мали верверички што се изгубиле во шумата. Преку нивната заедничка приказна, ликовите учат како да бидат мудри, внимателни и како да ги отворат срцата за добрината и грижата за другите.
Оваа сликовница на нежен и поетичен начин им се обраќа и на најмладите и на возрасните читатели, нудејќи топла, зимска прегратка во која дури и најголемите чуда стануваат можни. Делото, иако тематски врзано за Божиќ, пренесува пораки што ја надминуваат сезонската рамка и остануваат релевантни во текот на целата година.
Со објавувањето на оваа книга на македонски јазик, нашата читателска публика добива можност да се запознае со современата украинска книжевност за деца, како и со авторски гласови кои имаат значајно место во културниот простор на оваа земја. Изданието претставува и чин на културна размена и поддршка, нагласувајќи ја важноста на литературата како мост меѓу различни јазици и култури.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – потпрограма „Култура“ и на Програмата за поддршка на преводи „Translate Ukraine“. Сликовницата е достапна во книжарниците и преку дистрибутивната мрежа на издавачот.






