Следуваат дводневни семинари со гости предавачи – професори и солисти на кларинет од Грција (Милтос Мумулидес) и од Полска (Роман Видашек, Богдан Очешак и Павер Краузович) и слушатели од земјава и соседството.
Фестивалот традиционално ќе биде затворен во недела на 29-ти март со концерт на кој ќе настапат гостите од странство, a ќе се одржи во Салон 19:19.
Влезот и на двата концерти ќе биде слободен за сите љубители на класичната музика и на кларинетот.
Оваа година фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и амбасадите на Грција и на Полска во Скопје.






