понеделник, 31 март 2025

„Киненова“ за Кочани

Проекции на филмови од минатите изданија на Киненова ќе бидат прикажувани од 30 март до 3 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода, а приходот од влезниците ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

По најголемата трагедија во поновата македонска историја, фестивалскиот тим на МФФ Киненова одлучи програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на фестивалот да ја посветат на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата.

„Колкава и да е таа капка на материјална и духовна поддршка за блиските на настраданите, сакаме да пробаме да влееме надеж и да покажеме минимум одговорност, но во исто време и со иста љубов да оддадеме длабока почит за оние невини души кои ги загубија животите и оние кои го жртвуваа својот за да ги спасат животите на останатите. Чувствуваме немерлива празнина и болка за се што се случи.

Во таа насока ве повикуваме вас, драга публико, вие добронамерници со големи и благородни срца, да ги посетите проекциите на филмовите кои внимателно ги одбравме и обезбедивме, а кои се дел од најистакнатите и наградени филмови на минатите изданија на КИНЕНОВА и со вашето присуство и купената влезница да придонесете во оваа наша мисија.

Целокупниот приход од влезниците на овој настан ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани“, соопштија организаторите.

Од 30 март (недела) до 3 април (среда) во киното Киноверзум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се прикажуваат овие филмови:

30.03.2025 / 20:00ч. (недела)

МАЖИТЕ НЕ ПЛАЧАТ (Men don’t cry)
Босна и Херцеговина /2017/98’

Режисер: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic)
Сценарио: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic), Зоран Соломун (Zoran Solomun)
Улоги: Борис Исаковиќ (Boris Isakovic), Леон Лучев (Leon Lucev), Емир Хаџихафизбеговиќ (Emir Hadzihafizbegovic)

31.03.2025 / 20:00ч. (ПОНЕДЕЛНИК)

ХОТЕЛ ПУЛА (Hotel Pula)  на Андреј Коровљев
ХРВАТСКА, 2023 / 95мин.

Режија: Андреј Коровљев
Улоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.

01.04.2025 / 20:15ч. (ВТОРНИК)

КАФУЛЕ (Café)

ИРАН / 2023 / 93мин.

Сценарио и режија: Навид Михандуст (Navid Mihandoust)

Улоги: Масуд Карамати, Маса Маџур, Сетаре Малеки

02.04.2025 / 20:15ч. (СРЕДА)

ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО (Behind The Haystacks)

ГРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, МАКЕДОНИЈА / 2022 / 1Ч 59мин.

Режија: Асимина Проедру

Улоги: Статис Стамулакатос, Елени Узуниду, Евгенија Лавда, Нино Леви

03.04.2025 / 20:15ч. (ЧЕТВРТОК)

НА СЕ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ (It All Ends Here)

Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија / 2024 / 89мин.

Режисер: Рајко Грлиќ

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа
Улоги: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петар Арсовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ